350
Третата сезона на популарната серија „Американска крими приказна“ ќе го носи насловот „Импичмент“ и ќе се занимава со еден од најголемите скандали во Белата куќа, аферата левински.
Клајв Овен ќе го глуми Бил Клинтон, а Бини Фелдстајн ќе ја глуми Моника Левински. Ветераните на „Американска хорор приказна“ и „Американска крими приказна“, Сара Полсон и Били Ајхнер повторно добија улоги и во оваа сезона.
Првата сезона од оваа серија се занимаваше со судењето на О.Џ. Симпсон, додека втората беше посветена на убиството на Џани Версаче. Третата сезона е базирана на книгата на Џефри Тубин, „Пропаднат заговор: Вистинската приказна за секс-скандалот што за малку ќе го уништеше претседателот“.