„Класичен психопат со недостаток на самодоверба“: Инспектор го анализирал убиецот Нермин Сулејмановиќ

од Nikola Popovski
508 прегледи

Инспекторот за компјутерски криминал Саша Петровиќ го анализирал психолошкиот профил на убиецот од Градачац Нермин Сулејмановиќ. Петровиќ изјавил дека се работи за класичен психопат, со недостаток на самодоверба.

Класичен психопат кој имал недостаток на самодоверба. Веројатно се работи и за употреба на анаболни стероиди. Бев во специјалцит, знам што е потребно за таква маса. Преголема количина предизвикува насилство покрај другите фактори. Кукавица. Во нашата полиција седат и плачат како него и сличните на него, а каде што можат, се изживуваат врз некој послаб од себе. Тоа веројатно го научил од некого, да не навредам никого, објаснил Петровиќ, објавува „N1“.

Тој додал дека за оние кои го поддржале убиецот, тоа е единствениот начин да го изразат своето незадоволство од нивниот живот.

Во повеќето случаи тоа се малолетници, сакаат да станат популарни и да собираат лајкови. Во природата на луѓето е да гледаат насилни работи, а претходно тоа беа јавни егзекуции, некои гледаат од задоволство, а не од сожалување, изјавил Петровиќ.

Рекол и дека нема проблем да ја гледа обдукцијата, но има проблеми со објавеното видео од егзекуцијата на Низама Хеќимовиќ.

Најлошо е за форензичарот кој после нас треба да ги прегледа сите видеа и да ги запише сите детали, вели инспекторот.

Слични содржини