
Microsoft најави дека прави нова промена во дизајнот на Skype, но овој пат станува збор за класична десктоп апликација која се разликува од универзалната, достапна во Microsoft Store. Новата верзија на софтверот е со број 8.0 и носи дизајн кој е сличен на оној од мобилната верзија, но дури и да не ви се допаѓа, ќе треба да се навикнете на него, бидејќи од 1 септември постарите верзии веќе нема да функционираат.
Меѓу новитетите се подобрувања во групни разговори за полесно споделување на фотографии или на екранот на уредот на корисниците, можност за обраќање кон други учесници со @, изразување на реакции на пораките, панел за известувања, галерија со разменетата во чатовите содржина за побрз пристап до линкови, документи или фотографии, па дури и можност за испраќање на датотеки до 300 МB.
Подоцна во текот на летото се очекуваат и многу други новини. Skype 8.0 ќе добие верзија за iPad, а освен тоа во чатовите ќе бидат додадени известувања за прочитани пораки, приватни разговори со енкрипција преку Signal Protocol и дури можност за снимање на разговорите. Последното е интересно, бидејќи функцијата ќе биде базирана во облакот и ќе овозможи пристап до евиденцијата преку различните, користени од корисникот, уреди. Снимањето ќе биде за звук, видео и споделени екрани, и сите учесници ќе бидат известени кога тоа ќе започне.