Како што падот на цените на суровините шири економски проблеми во тазвојот на светот , Европа би можела да доживее бран на миграција, која ќе ја затемни денешната бегалска криза, изјави во интервју Клаус Шваб, претседател на Светскиот економски форум.
“Видете колку земји во Африка, на пример, зависат од приходите од извозот на нафта”, рече Шваб во интервју во швајцарското одморалиште Давос. “Сега замислете 1 милијарда жители, замислете дека сите тие ќе се качат на север”, пренесува агенцијата “Блумберг”. Основачот на светскиот форум исто така зборува за времето на “неочекуваните последици”, во кое живееме. Во модерните времиња според него е тешко за политичарите да го предвидат влијанието на своите активности, што доведе до “ерозија на довербата во процеот важни одлуки луѓе”.
Шваб како причина за тоа преоптоварувањето на обичните луѓе ја дефинирасо комплексноста и брзината на случувањата не само во политичкиот свет, но и во технолошката сфера. Според него токму чувството за конфузија храни подемот на радикални политички лидери кои се вклучуваат кон плодовитиот тренд на гнев и ксенофобија. Според Шваб за да надвладеат луѓето над овој тренд, “треба да го повратиме чувството дека сите ние сме во чамец.”

Темата за овогодинешната средба е четврта индустриска револуција, која Форумот ја дефинира како “спојување на технологии што ги заматува границите помеѓу физичката, дигиталната и биолошката сфера.” Иако ова обезбедува огромни можности, Шваб предупредува дека технолошката иновација може да доведе до губење на 20 милиони работни места во наредните години. Ова ќе се одрази негативно на средната класа, која е “столб на нашите демократии”, додаде Шваб. Според неговата проценка по децении следење на плимата и осеката на глобалната економија оваа тревогата “не е нова” за него. Но експертот истакна во интервјуто дека бидејќи светот станува уште повеќе меѓусебно поврзан , последиците од турбуленции може да станат потешки.