Тој додава дека конечно треба да пораснеме и да се договараме.
„Ние живееме во една политичка сцена која е доминантно маскулина, мачо, каде што постои модел на победник и губитник, каде што не постои модел победник-победник, на договарање, разговарање и во една таква ситуација странските чинители се неопходни за да го компензираат тој јаз што се јавува во политичкиот дијалог меѓу двете, три или колку и да се страни. Дополнително, во ретки ситуации тоа било поради недостаток на домашна експертиза, бидејќи за дел од решенијата што се потребни сепак е потребно едно пошироко искуство, дали европско, дали меѓународно, меѓутоа клучниот модел е нашиот дефицит во политичкиот дијалог. Ние немаме политичка култура на договарање“ – вели тој.
Клековски изјави дека нема превисоки очекувања од фокусот на меѓународната заедница. За доаѓањето на помошникот државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот, Викторија Нуланд вели дека станува збор за регионална посета. Клековски објаснува дека таа не е фокусирана на Македонија, туку е повеќе надзорна посета на повеќе држави од регионот кои се нејзино подрачје на покривање.