Клековски: Случајот „Онкологија“ е стратешки важен и мора да биде изведен до крај

Ние надвор од гонење за сто евра мито немаме ниеден сериозен случај во здравството, а постојат сериозни случаи, вели Клековски

од Бисера Трајковска
40 прегледи Фото: Локално

Случајот со Онкологија е стратешки важен и мора да биде изведен до крај со правосилност, порача денеска на прес-конференција директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, одговорајќи на новинарско прашање.

-Ние до сега имавме гонење на едноставен криминал. Ние надвор од гонење за сто евра мито немаме ниеден сериозен случај во здравството, а постојат сериозни случаи. Во случајот Онкологија е јасно дека постоела намера, во правењето на таа работа. Не станува збор за индивидуална грешка, посочи Клековски.

Тој вели дека случајот мора да биде изведен до крај, без разлика каква ќе биде правосилната пресуда.

Б.Т.