Кличко: Ако започне војна, земам автомат и одам

од Vladimir Zorba
260 прегледи

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија Виталиј Кличко изјави во етерот на каналот „Украина 24“ дека во случај на руски напад врз Украина активно ќе учествува во одбраната.

„Ако започне воена агресија, ќе земам митралез како поранешен војник и ќе одам во војна“, рекол Кличко, пренесе руската РИА Новости.

Претходно Кличко ја критикуваше одлуката на Германија да испрати 5.000 воени шлемови во Украина.

„Пет илјади шлемови – тоа мора да е шега. Што ќе ни испрати следно Германија како поддршка? Перници?“, револтирано сподели Кличко.

Кличко, исто така, рече дека меѓу Украинците преовладувало „огромно разочарување“ затоа што Германија не ги променила своите принципи за трговија со оружје и не се откажала од проектот за гасоводот „Северен тек 2“.

Украинецот истакна и дека ако САД и Европа дозволат Путин да ја нападне Украина, Русија нема да застане тука, туку ќе гледа и како да им се закани на балтичките земји.

„Кога Путин зборува за неговата желба да ја врати советската империја, тоа ја вклучува поранешната ГДР. Затоа, заканата од војна против Украина треба да го вознемири секој Германец“, рече Кличко.

Слични содржини