Кличко ја демантира изјавата за Србите и Албанците

од Берта Китинска
275 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко денеска ги демантираше наводите на албанскиот портал од Швајцарија „Ле Кантон 27“ дека изјавил дека „Украинците се борат против рускиот окупатор, како што порано се бореа Албанците против српскиот окупатор“.

Кличко на својот Фејсбук профил изјави дека не дава такви коментари и им порача на медиумите дека пред да цитираат нешто, да побараат аудио или видео потврда за „ваквите ексклузиви“.