Кличко: Јас сум борец и не се плашам, загрижен сум за трите милиони граѓани на Киев

од Vladimir Zorba
484 прегледи

Нашата цел, нашиот сон е да изградиме модерна и демократска земја и да бидеме дел од европското семејство, изјави градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс, 50-годишниот Виталиј Кличко во интервју за Радио 4 на Би-Би-Си.

Тој повика на обединет одговор од Западот и помош за Украина во борбата против руската инвазија. Тој додаде дека луѓето во Киев биле шокирани од експлозиите во градот.

– Украинците не ја сакаат руската агресија, тие ќе се борат за нашата иднина и за нашите деца – вели Кличко. Тој истакна дека руската армија е една од најголемите во светот и дека борбата ќе биде тешка.

„Не се плашам за себе, јас сум борец“, признава тој. Потоа откри дека е „загрижен за трите милиони граѓани на Киев кои се негова одговорност“.

Тој им порача на Русите дека „секоја војна носи крв, смрт и инвалидитет“.

„Запрашајте се дали ви треба тоа заедно со санкциите“, изјави Кличко за Би-Би-Си.

Слични содржини