Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, го опиша главниот град на Украина како „опколен“ и рече дека евакуацијата на цивилите нема да биде можна „бидејќи сите патишта се блокирани“.
„Ние сме на работ на хуманитарна катастрофа“, изјави тој за Асошиејтед прес во неделата додека во градот продолжува полицискиот час, што, како што рече, им дозволува на властите да ловат „саботери“ на улиците.
„Во моментов имаме струја, моментално имаме вода и парно во нашите куќи. Но, инфраструктурата за испорака на храна и лекови е уништена“, изјави градоначалникот на Киев.
„Затоа пораката за сите е: Поддржете ја Украина заедно… Ние сме силни“, рече тој.
„Секој Украинец е горд што е независен, горд што е Украинец, а ние сме горди што имаме своја земја“, рече Кличко, пренесува „Гардијан“.
Во градот се слушаат воздушни напади додека жителите се соочуваат со уште една ноќ под силна закана.