157
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, бара повторно да се воспостави „железната завеса“ кон Русија, но не со нов ѕид, туку со забрана за влез на руските граѓани кои сакаат да одат на одмор на Западот.
Кличко за весникот „Билд“ изјави дека не може да поднесе Русите да уживаат во Европа, на одмор на плажа, додека руски војници убиваат Украинци.
„Неопходно е повторно да се воспостави ‘железната завеса’. Русија секојдневно покажува дека е земја на диктатура, а повеќе од 70 отсто од Русите го поддржуваат Владимир Путин“, изјави градоначалникот на Киев.