244
Во Киев денеска без струја се 450.000 потрошувачи, што е 1,5 пати повеќе од претходните денови, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.
Тој изјави дека исклучувањето е поради преоптоварување на централниот јазол на енергетскиот систем на земјата по ракетирањето на енергетските објекти од страна на руските сили, пренесува „Интерфакс Украина“.
„Апелирам до сите жители на главниот град: штедете ја струјата што е можно повеќе, бидејќи ситуацијата се уште е тешка!“, изјави Кличко.