Кличко: Во Киев се отвораат кафулињата, фризерските салони и пилјарите

од Nikola Popovski
309 прегледи

Виталиј Кличко, градоначалникот на Киев, главниот град на Украина, синоќа најави дека продолжува одбраната на главниот град и посочи дека во функција е најважната градска инфраструктура.

– Киев продолжува да се брани. Работи критичната инфраструктура на главниот град. Јавниот превоз е ограничен, но работи. Комуналните услуги функционират. Повеќето супермаркети и аптеки се отворени, напиша Кличко на својот профил на Телеграм.

Тој додаде дека приватниците полека продолжуваат да работат во Киев.

– Поточно, повторно се отвораат продавниците, пилјарите, кафулињата, фризерските салони, сервиси, изјави градоначалникот на Киев.

Тој исто така информира дека училиштата во главниот град на Украина ќе функционираат преку онлајн настава од понеделник.

– Образовниот процес ќе продолжи во главниот град во онлајн формат. Тоа ќе биде повеќе приспособено на сегашните услови со користење на различни образовни платформи за учениците, рече Кличко во изјава за Телеграм.

Градоначалникот додаде: „Денес е важно градот да живее и работи, дури и под такви строги воени правила. Тие (Русите) се обидуваат да не заплашат. Тоа нема да им успее! Ние нема да се предадеме“ .

Слични содржини