Кличко во одбрана на Залужни поради шпекулациите за негово разрешување

од Radmila Tasevska
219 прегледи

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко застана во одбрана на врховниот командант на украинската армија, Валериј Залужни, поради шпекулациите дека тој наскоро ќе биде разрешен.

„Општеството вознемирено го чека исходот од ситуацијата со плановите на претседателот да го разреши врховниот командант на вооружените сили Валериј Залужни. На многу начини, благодарение на Залужни, Украинците навистина веруваа во нашите вооружени сили, кои уживаат најголема доверба денес. Како војник во војната, генералот Валериј Залужњи помина низ многу тешки моменти. Само тој самиот знае колку во реалноста, напиша Кличко на Телеграм.

Но, за жал, посочи Кличко, денес е моментот кога политиката може да надвладее над здравиот разум и државните интереси.

Тој повика на прекин на политичките интриги и внатрешните борби за моќ во Киев.

„Денеска мора да се бориме за една работа – за победа на Украина“, напиша Кличко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во интервју за италијанската телевизија РАИ ги спомна плановите за кадровски промени.

Слични содржини