388
Американскиот федерален суд потврди дека десетици милиони клиенти на производите на Apple можат да покренат колективна постапка за монополизирање на пазарот поради забраната за купување апликации за iPhone телефоните на Apple надвор од официјалниот Apple Store.
Според Ројтерс, забраната за купување води до повисоки цени на апликациите.
Окружниот судија на САД, Ивон Гонзалес Роџерс одби да ја потврди колективната тужба во март 2022 година, но ја промени својата одлука откако случајот беше стеснет да ги вклучи само сопствениците на сметки на Apple кои потрошиле 10 долари или повеќе на содржина во апликацијата или на самата апликација.