Американка поднесе во судот тужба против најголемата во светот синџир кафулиња “Старбакс” поради големото количество мраз во студените пијалоци, соопшти Си Ен Ен.
Според сака компанијата на тој начин ги разредува пијалоците и ги заблудува клиентите. Се наведува дека така на пример во голема порција ладно кафе, која е околу 700 мл се содржи само 400 мл кафе. Така клиентите добиваат речиси половина количество од она за што платиле.
Таа инсистира за компензација за недостатокот кафе, но не се прецизира сума.
Претставникот на “Старбакс” одговори дека мразот е главна состојка на пијалокот. Ако клиентот не е задоволен од начинот на кој ги подготвуваме пијалоците, тогаш тоа ние со радост би го промениле, вели претставникот на компанијата.