Климатскa активистка оштети слика на Моне во музеј во Париз

од Vladimir Zorba
483 прегледи

Климатскa активистка е уапсена откако залепила црвен плакат над сликата „Афион“ на францускиот импресионистички сликар Клод Моне во музејот Орсеј во Париз за да го привлече вниманието на глобалното затоплување, изјави полициски извор.

Член на „Riposte Alimentaire“, група еколошки активисти и бранители на одржливо производство на храна, објави видео од сквернавењето на сликата на Моне на платформата X.

Во видеото таа вели дека плакатот со кој е покриен делото на Моне покажува дека „не чека оваа мрачна слика, доколку не се најде алтернатива“, пренесе „Гардијан“.

Слични содржини