Климатски активисти во Германија продолжуваат со акциите насочени против аеродромите и денеска упаднаа на аеродромите во Минхен и Берлин.
Во Минхен ја пробиле жичената ограда и на тој начин успеале да влезат во делот на аеродромот, и се залепиле на северната писта.
Тие не успеале да ја пробијат јужната писта, па, според весникот „Билд“, авиосообраќајот на овој аеродром не бил во прекин.
Полицијата веднаш дошла и ги отстранила активистите од пистата, а ги отстранила и од аеродромот.
По 45 минути акцијата завршила и немало никакви проблеми со слетувањето и полетувањето на авионот, бидејќи сите беа пренасочени на друга писта.
И во Берлин активистите успеале да стигнат до авионската писта, потврди полицијата.
На крајот на ноември, активисти два часа го блокираа сообраќајот на аеродромот во Берлин.
„Ние секогаш сме за конструктивни дискусии, но поради сето она што се случува со заканувачкиот климатски пекол, се бараат дела, а не празни зборови“, изјави портпаролката на групата „Последна генерација“ Ема ван Бален.