Климатските активисти на движењето „Just Stop Oil“ ќе ја надоместат штетата што ја нанеле на сликата „Кола со сено“, на сликарот Џон Констабл, вредна 1.000 фунти, според налогот на Националната галерија во Лондон, пишува „Гардијан“.
Во јули оваа година, активистите на „Just Stop Oil“, Хана Хант (23) и Ибен Лазарус (22), залепиле печатени постери од дистописки пејзаж преку уметнички дела од платно, а потоа ги залепиле рацете на рамката за слика.
„Можете да заборавите на нашите зелени и прекрасни пејсажи, бидејќи понатамошното производство на нафта ќе доведе до откажување на земјоделските култури, што значи дека ќе се бориме за храна“, рече Хант.
Вчера и двете беа обвинети за нанесување штета пред Судот на Вестминстер, што и двете го негираа, повикувајќи се на слободата на изразување.
И двете добија условна казна од 18 месеци и им беше наложено да платат отштета на Националната галерија од 540,74 фунти како компензација, колку што изнесува вкупната цена на штетата.
Доколку за тоа време направат уште некои кривични дела, судот може да ги испрати во затвор.