Климатските промени може да доведат до зголемување на бројот на крлежи

од Vladimir Zorba
375 прегледи

Климатските промени може да предизвикаат зголемување на бројот на крлежи и да доведат до зголемување на бројот на случаи на Лајмска болест бидејќи благите зими и потоплите пролети го продолжуваат периодот во кој крлежите се активни, соопшти Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA).

Како што се наведува, климатските промени најверојатно ќе ја зголемат активноста и бројот на крлежи во Велика Британија, што може да доведе до зголемување на случаите на Лајмска болест, пренесува „Скај њуз“.

УКХСА наведува дека минатото лето речиси 40 отсто повеќе акутни случаи на Лајмска болест биле пријавени во Обединетото кралство отколку во 2022 година и дека 882 акутни случаи на болеста биле пријавени во Англија во периодот од април до септември минатата година, кога крлежите се најактивни.

Се додава дека потенцијално потопла и повлажна клима се очекува да предизвика крлежите да бидат поактивни.

Слични содржини