Клиниката „Козле“: Нема пропуст во лекувањето на 14-месечното дете

од Илинка Илиоска
41 прегледи

Денеска Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ изрази уверување дека не било направено никакво неправилно постапување или лекување на 14-месечното дете кое почина.

„Стручниот колегиум при Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата ‘Козле’, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги преземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања и дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи. Не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на детето, во согласност со целокупната медицинска документација како доказ во Клиниката“, велат од „Козле“.

Како што велат, се очекува мислење од етичката комисија на Лекарската комора, а потоа ќе преземат соодветни следни чекори. Во соопштението, од Клиниката се изразува искрено сочувство до семејството на бебето.

Слични содржини