Клои Кардашијан му порача на Канје Вест: Остави ги Ким и нашето семејство на мира

од Nikola Popovski
267 прегледи

Старлетата без влакна на јазикот му се обратила на бившиот зет. Клои Кардашијан нагласила дека нема да дозволи Канје Вест да продолжи да ја „руши“ Ким Кардашијан, како и да го остави семејството на мира.

Канје претходно ја обвини Ким дека организирала „тајна“ роденденска забава за нивните ќерки во Чикаго, помалку од една година откако таа поднесе барање за развод.

Според странските медиуми, Канје планирал да организира посебна прослава, но во последен момент решил да се појави на забавата што ја организирала Ким.

Клои потоа се огласи на социјалните мрежи за да го замоли нејзиниот поранешен зет да не ги користи Ким и нивното семејство. Канје го објави овој коментар на својот Инстаграм профил и одговори на обвинувањата.

„Повторно со приказната за роденденот. Доста беше. Сите ја знаеме вистината и според мене на сите им е доста од неа. Знаевте точно каде се вашите деца во секое време, а и двајцата сакавте и посебни родендени. Ги имам видено сите текстови кои го докажуваат тоа. Кога се предомисли и сакаше да присуствуваш, дојде“, напишала Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ye (@kanyewest)

Бидејќи Канје неодамна призна дека Ким е таа што ги расте и воспитува нивните деца, Клои се осврна и на ова.

„Како што и сам истакна, таа е таа што се грижи за вашите деца 80% од времето. Те мола, остави ја неа и нашето семејство подалеку од советите за тоа како треба да се воспитуваат децата“, додаде Клои.

Пејачот ги нарекол лажговци, ги обвинил дека ја „киднапирале“ нивната ќерка и дека се вратил од Јапонија за да биде таму на роденденот на ќерка си, но прво видел слики од децата на Интернет. Канје потоа додал дека му е ускратено правото да ги гледа своите деца.

Да потсетиме, тој неодамна повторно се најде во центарот на вниманието, откако на неговата ревија во Париз облече маица на која пишува „White Lives Matter“.

Фото: RB/Bauergriffin.com / MEGA / The Mega Agency / Profimedia, Beats x Kim/Mega / The Mega Agency / Profimedia, Jean-Baptiste Lacroix / AFP / Profimedia

Слични содржини