Клои Кардашијан се вери со НБА кошаркарот кој ја изневери во 9-тиот месец од бременоста: Дијамантот „боде“ очи (ФОТО)

од Nikola Popovski
353 прегледи

Реалити sвездата Клои Кардашијан (36) и кошаркарот Тристан Томпсон (29) се верија, и покрај скандалите во минатото, како и јавните прељуби на кошаркарот.

Таа потврди дека се верила со Тристан на Инстаграм, каде покажала скапоцен дијамантски прстен кој буквално „боде“ очи, заедно со фотографија на која рекламира чевли.

– Дали се вери – ја прашала писателката Морган Стјуарт во коментар, а Клои потоа потврдила дека била запросена и одговори: „Да, се веривме“.

Иако нивната врска беше обележана со бројни скандали, тие очигледно решиле да остават сè зад себе и да и дадат втора шанса на нивната љубов.

Да потсетиме, Тристан беше фотографиран како се бакнува со друга девојка во периодот кога Клои беше во деветтиот месец од бременоста. Му прости, но после тоа повторно се најде во центарот на скандалот кога кошаркарот ја изневери со Џордан Вудс, пријателка на нејзината сестра Кајли Џенер.

Тие тогаш раскинаа, но заедно учествуваа во воспитувањето на нивната ќерка Тру (2). Сепак, пред неколку месеци ја обновија својата романса, а странските медиуми пишуваат дека станале поблиски токму поради нивната ќерка.

Бидејќи неодамна многумина ја осудија Клои за помирување со нејзината поранешна, која неколку пати ја изневеруваше, Кардашијан им даде до знаење на сите дека не се грижат за туѓото мислење.

Слични содржини