Клои Кардашијан беше забележана како ужива на плажа само еден ден откако беше објавена веста дека го чека своето второ дете со поранешното момче Тристан Томпсон.
Имено, парот решил да добие дете преку сурогат мајка која останала бремена еден месец пред да биде откриено дека Тристан има уште едно дете кое тој не го признава.
Денеска дознаваме дека Клои очекува нејзината сурогат мајка да роди момче, а со тоа нејзиното мало семејство ќе биде комплетно, со оглед на тоа што со Тристан веќе ја има ќерката Тру (4).
View this post on Instagram
Многумина ја критикуваа дека му ја простува прељубата на Тристан и секој пат го дочекува со раширени раце, но таа очигледно има своја цел. Се шпекулираше дека сака да ги има сите деца со ист маж, а тоа еднаш го кажа и самата во реалното шоу на Кардашијан.
За да го надмине пеколот на прељубата, Клои започнала програма за слабеење која вклучувала диета и вежбање. За кратко време го доведе своето тело до совршенство, а потоа со оперативни методи го промени и ликот. Иако многумина велат дека оперирала се што може да се оперира, Клои признава само дека го оперирала носот.