Маж, облечен како кловн, ја прекина седницата на германската националистичка партија “Алтернатива за Германија” и фрли во лицето на еден од членовите крем торта, информираа германските медиуми.
Партијата спроведувала седница во Касел. Во еден момент двајца мажи влегле. Едниот се приближил до Беатрикс фон Щорх, една од најважните членови на партијата и пратеник во Европарламентот, и фрлил торта во нејзиното лице. Другиот снимал.
Мажите се приведени. “Луѓето, кои немаат аргументи, лепат постери, палат автомобили и прекинуваат седници со торти”, изјави по инцидентот Фон Щорх, целата покриена со торта.
Важно! YouTube изненади со нова политика за повлекување на клипови
Мажите на овој начин протестираат против коментари на Фон Щорх и сопартијката Фрауке Петри. Пред неколку недели, тие рекоа дека полицијата треба да има право да пука по имигрантите кои се обидуваат да влезат нелегално во Германија.
