Милијардерот Илон Маск се вклучи во телефонскиот разговор меѓу новиот американски претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, пишува „Си-Ен-Ен”. Оваа информација ја потврдија два извори за „Аксиос”.
Разговорот се одвивал во средата и траел околу 25 минути. Трамп тогаш истакна дека Америка ќе продолжи да ја поддржува Украина.
Лидерите на двете земји не зборуваа за испраќање дополнителна помош, како и за планот на Трамп за решавање на војната во Украина. Да потсетиме, тој во неколку наврати во својата кампања рече дека за 24 часа ќе ја заврши војната во Источна Европа.
Според извори, Маск рекол дека ќе обезбеди помош за Украина преку неговите сателити Starlink.
Истиот извор продолжи да рече дека Маск претходно го исмејувал Зеленски затоа што барал помош од САД. Зеленски, исто така, претходно го отфрли планот на Маск за примирје со Руската Федерација во 2022 година.
Маск треба да има одредена позиција во администрацијата на Доналд Трамп. Трамп досега ја критикуваше американската помош за Украина.