Секоја година Хајди Клум успева да ја направи најзабавната и најуникатната маска за Ноќта на вештерките, а годинава дефинитивно се надмина и ссебеси. Клум оваа година се појави на забава по повод Ноќта на вештерките облечена како дождовен црв.
Супермоделот Хајди Клум оваа година присуствуваше на забавата по повод Ноќта на вештерките на 31 октомври во Sake No Hana во Њујорк, облечена во костим на дождовен црв.
Сопругот на манекенката, музичарот Том Каулиц, ја придружуваше сопругата облечена како рибар со едно крваво око.
Пред забавата, Хајди Клум им кажа на собраните новинари дека одлучила да размислува надвор од рамката при изборот на костим за Ноќта на вештерките.
„Се обидов да ги проширам моите граници и да дојдам до нешто ново. Минатата година мислев дека дрвото ќе биде навистина кул, или можеби растение, а потоа преминав од растенија на дождовни црви “, рече манекенката и ТВ водителка.