Џорџ Клуни изјави дека разбира зошто Том Круз викал на филмската екипа на филмот „Невозможна мисија 7“. Во интервју за водителот Хауард Стерн, Клуни смета дека Том не реагирал несоодветно.
„Не претера… Јас разбирам зошто реагираше така. Луѓето мора да го разберат тоа и тие мора да бидат одговорни“, кратко прокоментира Клуни.
Додаде дека тој би го решил тоа „поинаку и помирно“, но дека поентата е иста.
Да потсетиме, актерот и продуцент Том Круз на лондонскиот сет на неговиот нов, седми филм „Невозможна мисија“ викаше и се закануваше на филмската екипа со откази поради пропусти во безбедносните анти-ковид протоколи за снимање филмови, пишува британски „The Sun“.
Tom Cruise’un, #MissionImpossible7 filminin setinde pandemi önlemlerine uymayan çalışanlara öfkelendiği anların ses kaydı:
“Bir daha böyle bir şey görürsem, hepiniz kovulup defolup gidersiniz!”pic.twitter.com/Eoh0i7Dopa
— Cinema News.TR – 🏠#EvdeKal (@Cinema_NewsTR) December 16, 2020