Актерот Џорџ Клуни има само пофални зборови за својот колега Бен Афлек, откако Клуни го режираше филмот „The Tender Bar“ каде Афлек се појавува во главната улога.
Тие се добри пријатели, а Клуни изјави дека неговиот колега заслужува Оскар, пишува „Indie Wire“.
„Знаете, Бен помина низ борба. Тој беше толку високо колку што можете да стигнете во вашата кариера. Застана на сцената и освои неколку Оскари. Тој знае како е да се биде на врвот на кариерата, а имаше тежок пат“, изјави актерот за „Deadline“.
„Некои од нив не сакаат да се борат за себе, но тој е борец. Забавно е да се видат реакциите на луѓето кон него и би било убаво да се добие истото внимание на Оскарите. Мислам дека тој го заслужи тоа“, искрено рече Клуни за неговиот колега.
Афлек неодамна размислуваше за неговите минати филмски искуства. Тој го нарече „Армагедон“ апсурден филм и призна дека „Гигли“ го натера да ја доведе во прашање својата кариера.
Филмот на Клуни, „The Tender Bar“ е заснован на мемоарите на новинарот Џ.Р. Мохрингер, добитник на Пулицерова награда.
Фото: Rob Latour / Shutterstock Editorial / Profimedia