289
Американскиот актер Џорџ Клуни и ирската рок група U2 се меѓу добитниците на овогодинешните награди на Кенеди Центарот од Вашингтон, пренесува AFP.
Наградени се и соул пејачката Гледис Најт, композиторката со кубанско потекло Тања Леон и госпел пејачката Ејми Грант.
Признанијата им беа доделени во присуство на американскиот претседател Џозеф Бајден, неговата сопруга Џил и потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даглас Емхоф.
Целата церемонија ќе биде прикажана на главните американски телевизиски канали на 28 декември.
Кенеди Центарот доделува награди за придонес во американската култура.