Одлука на актерот Џорџ Клуни ги загрижи неговите обожаватели бидејќи наводно тој одлучил да ја заврши кариерата и да се повлече од филмската индустрија, пишуваат странските медиуми, а причината за оваа одлука е многу симпатична.
Иако во последните две години во медиумите често се шпекулираше дека актерот и неговата сопруга, адвокатката Амал, се разведуваат, парот изгледа посреќен од кога било.
Актерот неодамна зборуваше за тоа колку му е важна Амал и како сака да прави „женски работи“ во куќата за време на карантинот, како што е шиење и перење облека. Всушност, се чини дека еден од најпосакуваните актери во светот толку многу ужива во воспитувањето деца и семејниот живот, што сериозно размислува да ја напушти холивудската кариера и да се посвети само на родителството.
Извор близок до актерот открил дека Клуни им кажал на своите пријатели дека најважен приоритет му станале децата, а дури потоа работи и дека се обидува да ги намали работните обврски колку што може.