Кнаус: Бугарија ќе сфати дека не може да се наметнува, но тоа да биде брзо за да не се загубат 3 години

303 прегледи

Во своето гостување во вестите на Канал 5, авторот на идејата за членство на Западен Балкан во Европската економска зона, Гералд Кнаус, посочи дека она што имавме прилика да го видиме од страна на Бугарија е за жалење и не е, како што вели, во национален интерес на Бугарија.

Исто така, Кнаус потенцира дека на крајот и самата Бугарија ќе сфати дека не треба да се наметнува нешто, но и изрази надеж дека тие тоа ќе го сфатат што поскоро, како не би загубиле нови три години.

Запрашан за тоа кои се условите една земја да влезе на ЕЕЗ и како треба да се аплицира, Кнаус вели:

„Европската Унија сега треба да појасни дека ако се што некоја земја треба да реформира за целосно да биде дел од четирите слободи, слободата на луѓе, капитал, услуги и стоки, да нема повеќе видливи граници меѓу вашата земја и ЕУ. Се што е потребно да се реформира за да се дојде до таа фаза треба ЕУ да го утврди. Ова беа работите кои мораше да ги усвои Норвешка, значи познати ни се кои се. Во исто време, потребно ви е владеење на правото, не може да се зачлените во единствениот пазар без да имате веродостојни независни судови, обвинители, човекови права“.

Слични содржини