КнолДол веќе е во Копенхаген, „ватрените“ добија секси засилување (ФОТО)

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Најсекси хрватската навивачка Ивана Кнол се јави од Копенхаген и покажа дел од лудата атмосфера пред натпреварот на Европското првенство!

Ивана Кнол веќе некое време ја држи титулата најжешка навивач, а сега отиде да го поддржува својот тим во живо.

Во своите „приказни“ на Инстаграм, таа најпрво се појави од аеродромот во Пула, а потоа и од Копенхаген, каде што денеска Хрватска игра натпревар против Шпанија во осминафиналето на Европското првенство во фудбал.

Ивана отпатува за Данска подготвена да навива во хеланки со црвено-бели квадрати, кои се главниот мотив во нејзината линија за костими за капење.

По пристигнувањето во Копенхаген, таа била тестирана за коронавирус, што го покажа и на својот Инстаграм и објави видео од навивачката атмосфера пред натпреварот.

Инаку, Кнол го привлече вниманието на домашната и пошироката јавност на Светското првенство во Русија во 2018 година, кога „коцкастите“ освоија сребро.

Слични содржини