Коала предизвика верижен судир меѓу пет автомобили, а потоа и сама седна позади волан (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
265 прегледи

Коалата која предизвикала верижен судир на пет автомобили, додека се обидувала да го помине автопатот со шест ленти во Аделејд, е спасена.

Во сообраќајната несреќа полесно се повредени неколку луѓе.

Надија, жената која ја спасила коалата, рекла дека излегла од автомобилот, како би дознала што го предизвикало метежот на патот. Здогледала животно, кое поради бетонската ограда меѓу лентите не можела да продолжи понатаму. Го префрлила својот капут преку неа, како би ја фатила.

Коалата не е повредена, рекла спасителката која збунетото животно го сместила во гепек и го одвезла до бензинска станица, како би го предала на спасителите на животни.

Во меѓувреме, коалата успеала да се прекачи од гепекот во кабината на теренецот.

Дојде кај мене, па реков, ок, остани овде. Јас ќе излезам, рекла жената и додала дека некое време коалата седела зад воланот, како да сакала да каже дека сака уште да се вози.

Коалата подоцна е пуштена во шума, далеку од автопатот.

Слични содржини