Коалиција „Маргини“: Да се зборува за наталитетот без да се зборува за сиромаштија е манипулација, потребни се системски решенија

потребни се политики што ќе им обезбедат достоинствен живот на сите граѓани и граѓанки, со почит кон изборите, телата и правата, велат од Коалицијата за „Локално“.

од Бисера Трајковска
16 прегледи

Да се зборува за наталитет без да се зборува за сиромаштијата, здравствениот систем, образованието, миграцијата и правата на жените и младите – значи да се манипулира со јавноста. Потребни се системски и долгорочни решенија, изјавија за „Локално“ од Коалицијата „Маргини“.

Тие сметаат дека изјавата на премиерот Мицкоски со повик за „многудетни семејства“ е класичен пример на патријархална и националистичка пропаганда која ја префрла вината за демографските трендови врз жените, наместо да се адресираат реалните причини – системска сиромаштија, економска несигурност, недоверба во институциите и масовното иселување.

-Потребни се системски и долгорочни решенија – универзален и бесплатен пристап до сексуално и репродуктивно здравје и права, родово правични семејни и работни политики, квалитетни јавни услуги, еднакво родителско отсуство за мајки и татковци, сигурни работни места и вистинска поддршка за младите и семејствата, потенцираат од Коалицијата „Маргини“.

Како што потенцираат, потребни се политики што ќе им обезбедат достоинствен живот на сите граѓани и граѓанки, со почит кон изборите, телата и правата.

Б.Т.