Коалиција ВРЕДИ: За потсмев е обидот на Левица, ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, а денес зборуваат за „шовинизам“

Од Коалицијата посочуваат дека остануваат единствената коалиција што доследно ги брани евроатлантските вредности.

од Бисера Трајковска
10 прегледи

Tокму тие што со години ја трујат јавноста со поделби и политички примитивизам, денес зборуваат за „шовинизам“, соопштија денеска од Коалицијата Вреди. Од Коалицијата велат дека со потсмев го гледаат обидот на Левица, партија позната по говор на омраза, анти-НАТО ставови и ултранационалистичка реторика, да држи лекции за соживот и толеранција. Посочуваат дека иронијата е очигледна.

-Во нашата кампања, ниту еден кандидат на ВЛЕН не користел говор на омраза, туку зборувал за патишта, училишта, водовод, економски развој, за реалните проблеми на луѓето. А вистинската иронија е што ДУИ, преку својот нов коалиционен партнер – Левица, избра да се фати за партија анти-НАТО, доживувајќи ја како последна сламка за политички спас. Таа комбинација на очај и лицемерие веќе доби одговор на 19 октомври, кога граѓаните со јасна порака им ја покажаа вратата и на едните и на другите, велат од Вреди.

Од Коалицијата посочуваат дека остануваат единствената коалиција што доследно ги брани евроатлантските вредности.

-Затоа, секој обид ВЛЕН да се стави на исто рамниште со екстремистички партии е смешен уште од самиот почеток. Наместо да бараат внимание со лажен морализам, во Левица нека најдат храброст да побараат извинување за годините ширење омраза и поделби што им оставија трајни лузни на ова општество, потенцираат во нивното соопштение.

Слични содржини