Коцевски реагира откако Владата најави негово разрешување: Целокупното мое работење, е согласно закон

од Milan1
38 прегледи

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски реагираше на одлуката на Владата за негово разрешување. Според Коцевски, одлуката била донесена поради наводната незаконитост во изборот на раководител, што, како што истакнува, не е точно.

„Од она што имав прилика да го прочитам во медиумите, причина за одлуката на Владата беше тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски“, рече Коцевски. Тој додаде дека верува дека Владата не ги имала на располагање сите релевантни и точни информации за да донесе ваква одлука.

Коцевски објасни дека распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, кој беше донесен од обвинителот Хајрулахи, важел до крајот на 2024 година, а лицата назначени за негови заменици имале статус до истекот на овој распоред. Сепак, распоредот за 2025 година, кој бил донесен од обвинителот Цветановски, не можел да произведе правно дејство, бидејќи Цветановски во тој момент не бил ниту заменик, ниту шеф на обвинителството.

„Со потврдување на одлуката за суспензија на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје“, објасни Коцевски, напоменувајќи дека се работело за времен раководител, а не за назначување на вршител на должноста.

Тој подвлече дека не се работи за нова пракса, бидејќи слични постапки веќе биле применувани и порано. Според Коцевски, приоритет било да се определи раководител кој ќе биде гаранти за непристрасното и професионално функционирање на обвинителството додека трае дисциплинската постапка за Хајрулахи.

„Моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење, е согласно закон, а со цел овозможување на непречено и законито функционирање на јавното обвинителство и заштита на јавниот интерес“, нагласи Коцевски.

Слични содржини