Кочоска: Буџетот е зголемен и заради колегата Битиќи, којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии

од Milan1
50 прегледи

Буџетот на Владата е зголемен точно заради колегата Фатмир Битиќи, којшто потпишуваше договори за инвестиции и поддршка на инвестиции на приватен сектор за којшто исто така има предмети и ревизии“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на денешната Комисија за финансирање и буџет, реагирајќи на изјавата на Фатмир Битиќи дека јавниот долг е најголем во историјата.

„И за сметка на тоа што ЕСМ го уништувавте и крадевте, ние сега напротив имаме многу подомаќинско работење и тие проекти ќе одат од таму, тие не се дел од буџетот, требало да ви кажат дека не влегуваат во буџетот, тоа се акционерски друштва коишто немаат врска со буџетот. А во однос на квалитетот на воздух, да не се грижите. Министерството за животна средина има уште еден цел буџет во делот на сопствени приходи и тоа се прави со проширување на буџет во тековна година“, истакна Димитриеска Кочоска.

Слични содржини