Пролетта обично се смета како одличен повод да започнеме нов почеток.
Сезоната често се поврзува со “будење” на природата и се јавува како добра почетна точка да дадеме пат на силните силуети и смелиот изглед.
Кога станува збор за модата, дизајнерите ја насочуваат својата креативност во насока комбинација меѓу сексапил и нежност во ппотрагата по златната средина.
Токму во таа инспирација се изразува и рекламната кампања на Michael Kors за пролет-лето 2016.
Модната куќа секогаш успевала да состави гардеробер на современата, модерна градска жена со идеја за провокација, флерт и чувство на фаталност.
Кадрите го претставуваат новото лице Ванеса Мууди која позира во спортски автомобил кабриолет во комбинација на заситени нијанси на црвената како кај облеката, така и во внатрешноста на автомобилот.
Акцентот паѓа на прекрасните долги нозе, вешто фатени од професионалната леќа на фотографот Марио Тестино .
Трендовите се фокусираат на здолништа во цветен принт, фустани со инкрустирани метални детали и чипка.
Што створиле од модната куќа – видете во нашата галерија.