Коѕиас: Треба да се продолжи политичкиот дијалог меѓу Атина и Скопје

од desk3
88 прегледи

Македонија и Грција треба да го продолжат политичкиот дијалог кој е отворен во последните месеци, порача министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас по вчерашната средба во Брисел со шефот на македонската дипломатијата Никола Попоски.

popovski kodzijas

Коѕиас во изјава за грчките медиуми вчера истакна дека на средбата со Попоски немало некои нови моменти, но било договорено дека треба да се продолжи соработката за спроведување на мерките за градење доверба и да се продолжи дијалогот меѓу двете страни, кој долго време беше замрзнат.

– Имав куса средба со министерот за надворешни работи на ПЈРМ со кој разговаравме за нашите билатерални врски, кои треба добро, одново да се разгледаат. Нема нешто ново од оваа средба, но останува договорот дека треба да продолжиме со нашата соработка за мерките за градење доверба и политичкиот дијалог кој го отворивме – изјави Коѕиас.

DW: Бегалци „Сега сите гледаат кон малата Македонија“

Средбата меѓу Попоски и Коѕиас беше втора во рок од еден месец, а е интересна за грчките медиуми бидејќи претходно не беше најавена и се случува во време на политички турбуленции во Македонија. Дел од грчките медиуми и натаму ја пласираат тезата дека грчката дипломатија ги гледа техничката влада во Македонија и предвремените избори како можност да се најде решение за името.

Весникот „Прото тема“ пренесува дека иако периодот на избори во едната или другата држава обично значи замрзнување на разговорите за името, сепак во грчките дипломатски кругови на овие избори во Македонија се гледа како можност да се интензивираат преговорите за името со цел да се договори компромисно и заеднички прифатливо решение.

 

META