За оние кои сакаат лесна и здрава вечера, сочните ќофтиња во богат, зачинет сос се нашиот денешен предлог
СОСТОЈКИ
За сосот:
2 лажици маслиново масло
½ главица кромид, сечкан
1 чаша вода
1 чаша доматен сос
За ќофтињата:
½ главица кромид, сечкан
1 чешне лук
½ лажичка црвен пипер
2 лажички ким во прав
½ лажичка црн пипер
½ лажичка сол
2 лажици сечкан магдонос
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА
Во сад измешајте го месото со кромидот, магдоносот и зачините, па измесете го да добиете хомогена смеса. Покријте го садот и оставете ја смесата во фрижидер. За тоа време ставете го маслиновото масло во тава на оган и додајте го сечканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне додајте го доматниот сос, водата и сол по вкус. Варете на средна темепратура додека почне да врие. Потоа намалете ја температурата и оставете да се вари на тивко. Од месото формирајте ќофтиња и полека додавајте ги во садот со сосот кој се вари. Оставете да се варат ќофтињата 20тина минути, без мешање. Кога ќе е готово послужете топло, со салата по вкус и со варен кускус како прилог.