Лидерот на британската Партија на назависноста Најџел Фараџ се одрече од едно од главните пораки на поддржувачите на “Брекзит”, според кое 350 милиони фунти неделно ќе одат за британскиот здравствен систем, наместо за Европската унија (ЕУ).
Такви биле трошоците на Обединетото Кралство за членството во ЕУ. Пропагандната кампања на Фараџ и поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон вклучуваше бројни билборди, како и таков натпис на еден од иконските двокатни автобуси од градскиот транспорт во Лондон.
Малку, откако стана јасно дека резултатите од референдумот даваат предност на приврзаниците на “Брексит”, лидерот на Партијата на независноста беше прашан во утринскиот блок на ITV дали би гарантирал дека предметниот износ сега навистина ќе оди за здравје.
“Не, не можам (да гарантирам), и јас никогаш не сум изјавил такво тврдење. Тоа беше една од грешките што мислам дека кампањата за напуштање на ЕУ ја направи”, возврати Фараџ, потоа водителката реплицираше дека таквото тврдење беше испишано на автобус, кој ја обиколуваше земјата пред референдумот.
“Тоа не беше дел од моите пораки, можам да ве уверам! Мислам дека тоа беше грешка”, повтори Најџел Фараџ, по што сепак вели дека парите од придонесот во буџетот за ЕУ сега може да се трошат “за здравствениот систем, за училиштата, за што и да е “.
„Викенд на гордоста во Скопје“ – крик за слободното битие
Тврдењето дека неделните трошоци на Обединетото Кралство за членството во ЕУ изнесува 350 милиони фунти, на неколку наврати беше побиено од британската статистичка служба.
Во оваа бројка едноставно не влегуваат попустите или парите платени на Велика Британија од буџетот на ЕУ со цел субвенција за земјоделство и регионален развој, на пример, забележува “Индипендент”. Сепак пораката повеќепати беше употребено во кампањата за напуштање на ЕУ.
Во меѓувреме другиот клучен човек за излегувањето на Велика Британија од ЕУ – поранешниот градоначалник на Лондон Борис Џонсон, коментираше денеска дека “нема потреба да брзаме”, додавајќи дека ништо нема да се промени во блиска иднина.
Обраќајќи се пред се на младите Британци кои масовно го поддржаа останувањето на Кралството во Обединета Европа, тој рече дека тие нема да бидат изолирани и дека Велика Британија ќе остане дел од Европа.
“Нема потреба во 21 век да бидеме дел од федерален систем, сместен во Брисел и невиден никаде во светот”, додаде Џонсон. Според него “ЕУ беше благородна идеја, но таа веќе е непотребна за оваа држава”.
Тој го поздрави премиерот Дејвид Камерон за “храброста”, со која еж дозволил на земјата за прв пат по 43 години да гласа на референдум за членството во ЕУ.
“Некои луѓе го сметаат тоа за грешка и тврдат дека народот не треба да се занимава со такви прашања, но всушност нема друг начин да се донесе таквото решение.” Брекзит “нема да ја направи Велика Британија” помалку европска “, смета Џонсон.
Токму тој беше човекот кој упадливо се снимаше пред двоспратниот автобус, кој прекламираше за време на кампањата пред референдумот, дека по излегувањето од ЕУ, Велика Британија ќе може неделно да го финансира здравствениот систем со 350 милиони фунти.
