На денешен ден, пред 25 години беше распуштен Варшавскиот пакт. А само неколку години подоцна западната граница на НАТО се префрли на исток. Настаните од тие денови ја променија цела Европа- пишува DW. Сеќавање:
Иако имаше личен придонес за растурање на Варшавскиот пакт, Михаил Горбачов не сакаше да присуствува на церемонијата на официјалното распуштање. За средбата на земјите од Источниот блок на 1 јули 1991 година во Прага Горбачов го испрати својот заменик Генадиј Јанаев. Таму тој беше принуден да ги чуе лично зборовите на тогашниот чехословачка претседател и поранешен дисидент Вацлав Хавел: “Денес Варшавскиот пакт престана да постои.” Сите аплаудораа, само Јанаев не.
Од 1955 до 1991
Воениот сојуз на Источниот блок опстои 36 години. Тој беше основан во мај 1955 во Варшава, каде што осум земји потпишаа Договорот за пријателство, соработка и помош – СССР, ГДР, Чехословачка, Унгарија, Полска, Романија, Бугарија и Албанија. Официјалното објаснување беше дека овој сојуз доаѓа како одговор на пристапувањето на СРГ во НАТО. Прерано сепак се виде дека станува збор не само за одбранбен сојуз, туку за орган, кој има за цел да ја гарантира политичката контрола на СССР над Источниот блок. Најиндикативно примери се задушувањето на унгарското востание во 1956 и на Прашката пролет во 1968 година.
Во 1980-тите години започна периодот на големата промена. Таа беше оначена со полскиот синдикат “Солидарност” и од реформите во СССР, познати под името “перестројка”. Како резултат се дојде до падот на Железната завеса и на Берлинскиот ѕид, а малку подоцна и до преговори за обединување на Германија.
Пропаганден постер на Варшавскиот пакт
“Требаше да бидат разјаснети многу работи – на пример дали обединета Германија може да биде член на НАТО и кога да се повлечат советските војници”, се сеќава Хорст Телчик. Поранешниот советник на германскиот канцелар Хелмут Кол , кој нагласува дека компромисот со Горбачов бил постигнат благодарение на одобрените кредити за СССР, како и заради ветените гаранции за безбедноста на Советскиот сојуз, меѓу кои и уверување дека во источните провинции на Германија нема да се сместуваат војници на НАТО.
Десет заповеди на манипулацијата
Крајот на советското владеење
Во септември 1990 – непосредно пред обединувањето на Германија, ГДР го напушта Варшавскиот пакт. Само во рок од неколку дена во близина 360 000 војници од источногерманската Народна армија се претвораат во војници на НАТО. Речиси толку советски војници заминуваат од Источна Германија до 1994 година, за што Бон плаќа на Москва близу 4 милијарди германски марки. Токму обединувањето на Германија беше во основата на денешното проширување на НАТО, вели во оваа насока историчарот Конрад Јарауш.
На состанокот во Будимпешта во пролетта 1991 година земјите-членки на Варшавскиот пакт ја претвораат воената организација во политичка, а претставниците на СССР ја бојкотираат средбата во знак на несогласување. Така се доаѓа до 1 јули 1991 година, кога во Прага р прогласен крај на советското владеење – во рамките на онаа средба на која Горбачов не сакаше да присуствува.
“Во есента на 1990 година тој уште зборуваше за” нашиот заеднички дом “и уверуваше дека СССР е подготвен да го распушти Варшавскиот пакт, ако во замена биде формирана нова структура”, се сеќава Димитар Луџев кој меѓу 1991 и 1992 година беше бугарски министер за одбрана.
Само што НАТО преживеа и по распуштањето на Варшавскиот пакт – и сосема наскоро почна да расте. Бидејќи поранешните членки на Варшавскиот пакт видоа во лицето на НАТО гарант за својата безбедност.
Рускиот политиколог Александар Галкин, во тоа време советник на Горбачов, се сеќавам како тогаш САД ја уверуваат Москва дека НАТО нема намера да се шири кон исток. “Само што усните ветувања немаат посебна вредност”, вели Галкин. Германскиот историчар Хајнрих-Аугуст Винклер тврди друго – според неговите зборови Горбачов никогаш не сакал од Запад гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток. Според Винклер, во тоа време станувало збор главно за германското обединување, додека проширувањето на НАТО не било предмет на разгледување. “Легендата дека било дадено ветување НАТО да не се шири кон исток, спокојно може да биде отфрлена како неточна”, вели Винклер.
Патот кон НАТО
Откако ГДР го напушта Варшавскиот пакт, Чехословачка и Унгарија се изјасниле дека сакаат да се приклучат на НАТО. Една бугарска иницијатива од тоа време исто така го изненадува Вашингтон – група млади универзитетски професори, меѓу кои и подоцнежниот министер за надворешни работи, Соломон Паси, уште во 1990 година апелираа за распуштањето на Варшавскиот пакт. Тоа предизвикува внатрешнополитички тензии. Но и на Запад не сите се радуваа на тој апел.
Полска, каде што во почетокот на 1990-тите години се наоѓаат околу 60 000 советски војници, во тоа време, исто така сака што е можно побрзо да се приклучи кон западните структури. Само што избегнува тоа да го објави јавно. “Во 1991 година, членството во НАТО ни изгледаше како премногу нереална перспектива”, вели поранешниот министер за надворешни работи Кшиштоф Скубишевски. “Во разговорите со генералниот секретар на НАТО Манфред Вернер јасно ја искажав нашата желба да бидеме заштитени од НАТО, без да го поставувам прашањето за итно пристапување во Алијансата”, се сеќава тој.
Со распуштањето на Варшавскиот пакт во средината на 1991 и после распадот на СССР, процесите во Источна Европа стекнуваат нова динамика. Првично НАТО ги прифаќа само земјите кои се наоѓаат во непосредна близина на границите на Алијансата. Во 1999 во него влегуваат Полска, Чешка и Унгарија, додека Бугарија на пример останува во чекалната уште пет години – до 2004.
Споменот за настаните од она време сигурно ќе бидат разбуди на претстојниот самит на НАТО, кој започнува по неколку дена. 25 години по крајот на Студената војна Алијансата ќе ја нагласи важноста на ангажман во земјите од својето источно крило – и тоа токму во Варшава, каде што едно време беше потпишан Договорот за пријателство, соработка и меѓусебна помош.

