Новото истражување фрла тешка сенка врз сексуалниот живот и на тоа колку често се придавате на бакнежи со партнерот.503187fb02c76990861c56f8ff8ec89e

Чаршафите остануваат ненамачкани, а главната причина лежи во посветеноста на работата. Звучи речиси апокалиптично, но една третина од британските парови не се сеќаваат на последниот пат кога имале секс, пишува “Дејли мејл”.

Анкетата е дело на компанијата за секси долна облека “Фантазија бокс”.

17 проценти од испитаниците се довериле дека имале подобар секс со претходниот партнер, а импресивни 20 проценти се категорични дека работата е многу важна и сексот е во заден план. Британците признале дека го “креваат авионот” и ја ослободуваат фантазијата, кога жената до нив е облечена како секси медицинска сестра.

Речиси половина сепак кријат од партнерот за што сонуваат под јорганите.

Загрижувачки е дека за една десетина од учесниците во анкетата сексот е привидение, без оглед на тоа дека имаат партнер.