„Кога ќе се претворам во Северина“: Објавен документарен филм во кој се појавува и нејзиниот поранешен вереник (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
329 прегледи

Пејачката Северина на својот Јутјуб канал објави документарец наречен „Кога ќе се претворам во Северина“, во кој се појавува нејзиниот поранешен свршеник Славко Шајиновиќ.

Овој 35-минутен документарец ги следи нејзините подготовки за концертот во Белград во 2009 година. Камерите снимиле сè: од проби до она што се случувало зад сцената, во соблекувалната, како и во разговорите на Северина со новинари и дружење со соработници.

На видеото се појавуваат Марина Туцаковиќ, Горан Бреговиќ, како и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ.

Во еден кадар може да се види и Славко Шајиновиќ, за кого Северина беше верена пред да го запознае Милан Поповиќ.

На овој концерт во Белград во 2009 година, Северина го промовираше својот албум „Здраво Марија“, кој го издаде една година порано, а во филмот откри дека нејзината омилена песна од албумот во тоа време била „На маж само му треба ку*ва“.

Филмот досега има околу 27.000 прегледи на Јутјуб.

Слични содржини