Кога ќе излезе новиот iPhone 15?

од Vladimir Zorba
462 прегледи

Фановите на Apple со нетрпение го очекуваат денот кога ќе биде пуштена во продажба новата серија смартфони iPhone 15. Apple сака да ги објави своите уреди во септември, а во просек потребни се 11 дена додека уредите бидат достапни за продажба. Тие обично се продаваат во петок.

Во „непандемиски времиња“, Apple обично промовираше нови паметни телефони во првата или втората недела од септември. Дејвид Фелан процени за „Форбс“, врз основа на минатите практики на Apple, дека новата серија на iPhone може да биде претставена на 6 или 12 септември.

Во првиот случај, телефоните би можеле да бидат достапни во продавниците на 15 септември, а во вториот случај, на 22 септември.

Презентацијата обично се емитува во 10 часот по локално време, а оваа година би можела да се одржи во театарот Стив Џобс во Купертино, Калифорнија.

Слични содржини