Кога невиниот и разочараниот стануваат “ѓаволи”- воените кампањи против радикалите водат до повеќе напади

од desk3
67 прегледи

Најмалку 41 лица загинаа во напад на аеродромот “Ататурк” во Истанбул. Еден ден претходно, бомбаши самоубијци убија 5 цивили во населбата Каа во североисточниот дел на Либан. Во исто време, напад остави 12 убиени во јеменскиот крајбрежен град Ал Мукалла. До 29 јуни, од “Исламска држава” (ИД) презеде одговорност единствено за нападот во Јемен.

0579460001467152485_547998_600x458
Но, само неколку часа по нападот на “Ататурк”, групата беше обвинета за извршување на крвавиот напад. Редно е, особено поради последните трагични настани, да се потсетиме уште еднаш зошто војната против тероризмот води само до повеќе терористички напади. И трите напади се одржаа во позадината на територијални загуби за ИД. Ирачката армија поддржана од воздух од американски сили, а на терен од проирански шиитски милиции, успеа да ги истурка џихадистите од важниот град Фалуџа по долготрајна кампања започната уште во февруари оваа година, чија кулминација започна кон крајот на мај.
Блокадата над градот доведе до опустошување за цивилите кои останале во градот – над 80 000 – за кои беше ограничен пристапот до лекови и храна. Локалните жители се покажаа во стапица меѓу борците на ИД во градот и милициите однадвор, кои малку по преземањето на првите населби почнаа со репресија и напади врз цивили. Само за ден овие милиции убија 17 лица во јужните делови на Фалуџа. Од друга страна, колоната од бегалци од градот, беше уништена при напад со бомбаши-самоубијци на ИД, кои се инфилтрирале во толпата од бегалци, убивајќи жени, деца и старци.

Повратниците од боиштата во Сирија се најголема опасност

На 26 јуни, само 2 дена пред нападите во Истанбул, Либан и Јемен, владата во Багдад го прогласи Фалуџа за “ослободен”. На 28 јуни аеродромот “Ататурк” беше раскрварен од тројца напаѓачи. Тоа е приказна која се повторува периодично, кога групата губи почва. Есента 2015 година, коалицијата предводена од САД ги засили воените дејства против Рамади, тогаш окупиран од ИД. Кога градот беше пред паѓање,ИД го сврте фокусот кон спроведување на напади врз цивилни објекти на странска територија. Така, на 13 ноември, Париз беше нападната од бомбаши. Две недели подоцна, на 2 декември, пар во Калифорнија, инспирирана од пропагандата на “Исламска држава”, започна масовно пукање во Сан Бернардино, убивајќи 14 лица.
На 28 декември, војската во Ирак го објавија градот Рамади за “чист”. Среќните пораки дојдоа во позадината на речиси целосно уништениот од американската коалиција град во кој избеганите над 350 000 луѓе не можеа да се вратат. Последните настани покажаа уште еднаш дека има очигледен проблем во “војната против тероризмот”. Да се ​​бориш против тероризам со бомби уште еднаш покажува дека е една бесмислена и скапа акција.
Кога ракетите ќе погодат цели, тие не го уништуваат “тероризмот”, туку градовите и станбените згради во кои цивилните жртви се стотици. Воздушните напади и напади со беспилотни летала врз автомобили, села, болници и дури свадби, понекогаш го убиваат најбараниот, но убиваат и цивили, со што се обезсмислува целата операција. Лидерите наскоро ќе бидат заменети, а новите борци ќе привлекуваат сили од разочарувањето и губењето.
Најверојатно воените одлуки делуваат во смисла да бидат истиснати силите на ИД од териториите кои ги држат, но цената е исклучително висока за луѓето кои ги носат на грбот не само воздушните напади, туку и казните од џихадистите. Во случајот со Рамади, на пример, локалните жители се оставени без можности, без заштеди и многу често – без живеалиште, поради големиот процент уништени згради.
Тие можат да се претворат во бегалци и да се преместуваат од град во град, а понекогаш и тоа продолжува една или две генерации. Во Фалуџа илјадници очајни цивили почнаа панично да се фрлат во реката Еуфрат во обид да стигнат до другиот брег, каде на крајот не најдоа засолниште, ниту медицинска помош или хуманитарна помош. Еден од најголемите проблеми на ирачките владини сили и нивните американски и ирански советници, е недостатокот на широка поддршка меѓу локалното население.
Во едно истражување објавено во The Washington Post, станува јасно дека во Мосул, вториот по големина град во Ирак, населението во кој е речиси целосно сунитско, локалните жители одбиваат да бидат ослободени од ирачката армија. ИД го зазеде градот во 2014 година. И тука доаѓа повторно моментот да се спомене една од причините-како џихад групата стана толку силна во Ирак.
Не е поради љубовта на локалните кон крајните фракции, туку поради репресивните практики кои владите во Багдад ги наметнуваат од 2003 година наваму. Често шиитските проирански милиции, кои помагаат ирачката армија, користат повеќе злобни начини за тортура и притисок отколку Ал Каеда или ИД. За многу локални во сунитските области на земјата, Багдад е симбол на крвопролевање. Еден од најистакнатите примери за активностите на милициите е од 2011 година, кога при избувнувањето на протести за реформи, багери минаа директно врз демонстрантите, задушувајќи го без скрупули протестот.
Предводените воени кампањи против тероризмот, создадоа повеќе предуслови за терористички напади и повеќе борци кои би вршеле напади ширум светот. Благодарение на промената на пропагандата и тактиката на ИД – од централна команда кон волци-самотниции – секој би можел да изврши напад во името на “фер кауза”. Воените кампањи доведоа до уништување и плаќање на тешка цена за локалните луѓе во Сирија, Ирак, Либија, Авганистан, Сомалија.
Ако навистина сакаме да спречиме терористичките напади, постојат бројни други можности и пристапи кои би довеле до значително подобри резултати во војната против теророт. ОН треба да влезе во шините и да ја исполнува својата мисија. Трагично е, на пример, дека во опколените од сириската армија и бунтовничките градови во Сирија, хуманитарна помош беше дозволена само овој месец – за прв пат од 2012 година.
Многумина жители на овие градови почнаа да поддржат фракции како Џабхан ан Нусра (сирискиот огранок на Ал Каеда), бидејќи немаа друг излез. Дипломатијата, хуманитарна поддршка, ембарго за оружје, економската помош – се средства кои можат да ги заменат военото решение. Очигледно е дека оваа стратегијае лоша.