Кога правилата не важат: Дуа Липа во проѕирен бел фустан на свадба на пријателка (ФОТО)

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Без разлика дали страсно ја следите светската модна сцена или само лежерно ќе погледнете во комбинациите на трендсетерките додека талкате низ Инстаграм, во последните години сигурно не можевте да ги избегнете парчињата на францускиот бренд Jacquemus.

Зад него стои 32-годишниот дизајнер Сајмон Порт Жакемус, кој брзо стана миленик на љубителите на модата.

Сајмон вчера се ожени со својот долгогодишен партнер Марко Маестри на церемонија која се одржа во францускиот град Шарлевал.

На свадбата дојдоа многу познати клиенти на Сајмон, меѓу кои и Дуа Липа. Убавата пејачка за венчавката избра долг бел фустан од проѕирен материјал со висок шлиц од страна и гол грб. Го искомбинирала со црна Jacquemus чанта и сандали на високи потпетици.

Ова не беше свадба на која некој би ја прекорувал што носи бел фустан, не само затоа што кодексот на облекување дозволувал бело.

Така мајката на Марко, Кети, облекла елегантен бел фустан со потписот на нејзиниот зет, а за бел фустан се одлучила и бабата на Сајмон, Лилин.

Слични содржини