Кога ќе ги видиме двете црти на тестот за бременост, веднаш нè потопуваат куп различни емоции. Радост, солзи, страв …. Девет месеци знаеме дека во нас расте нов живот, го гледаме не екранот за ехо, па го земаме во своите раце. Се чувствуваме чудно, збунети, тешко ни е да сфатиме дека веќе сме мајки.
Од моментот на зачнувањето ние сме такви. Секој ден по појавата на детето, ќе го разбираме повеќе значењето на родителството. А сепак, во кои случаи една жена сфаќа дека е мајка?
Видете во следните редови.
Секој ден спасувате живот. Затоа што некој е целосно зависен од вас.
Мирисот на нечија мала глава, кој ги буди во вас најубавите чувства. За вас тоа е доказ дека Рајот навистина постои и е таму каде што е вашето дете.
Побрзо приготвувате пире или шише со млеко отколку што ставате кармин.
Убедени сте дека подароците направени од малите детски раце се повредни од сите богатства на светот.
Сфаќате дека сте мајка , кога ги повторувате истите зборови на вашето дете кои мајка ви ви ги велелаже, а вие се колнеле дека никогаш нема да ги изговорите.
Во себе криете толку силна љубов, која само друга мајка може да ја разбере.
Ги знаете имињата на сите ликови од цртани филмови.
Еден 15-минутен туш со затворена врата за вас е како цел ден поминат во спа центар.
Во рамките на седум минути вие правите повеќе работи отколку секој друг кој нема деца.
Одењето до тоалет со “публика” е секојдневие за вас.
Умеете да правите какви ли не убави фризури на вашата мала принцеза.
Повеќе ве возбудува континуираното спиење отколку континуираниот секс.
Вкусот на пиреата и кашичките дефинитивно ви се допаѓа.
Редовно некој ве потсетува дека чудовишта се кријат насекаде, но најчесто под креветот.
Не се плашите од ништо и во исто време се плашите од сè, кога станува збор за вашето дете.
Може да правите неколку работи истовремено и подеднакво добро.
Сфаќате дека сте мајка, кога дамките од пире од вашата омилена кошула не се перат.