Секој е слободен да го толкува на свој оној 22 јуни 1941 – денот во кој Германија го нападна СССР. Лично за мене овој датум е еден од најбрилијантните манифестации на човечката глупост, пишува DW.
Големата војна е голема глупост. Не помала глупост е и малата војна. Но јас нема да посочувам со прст историјата, колку и крвава да е таа. Бидејќи сум случајно нејзино дете. Ако го немаше 22 јуни 1941 година, некој друг ќе пишуваше овие редови. Војната случајно ги распрснаа моите идни родители во различни насоки, случајно не ги убила, а потоа случајно ги собрала повторно. И така јас сум се појавил на овој свет. Исто така случајно како сите други повоени деца. Сигурно ќе се жртвував ако тогаш можев да го спречам тоа четиригодишно руско-германско колење, но своевремено никој не сакал жртва од мене. Само затоа што уште ме немало.
Судам за оваа војна како нејзин задоцнет сведок. И се прашувам: Ни помага ли војната да си ја објасниме човековата природа? ја открива ли таа вистината за нашата природа или поточно ја прикрива? Не знам за вас, но јас мислам дека војната ја завртува наопаку човечката природа. Така некои работи се гледаат сосема јасно, а други остануваат скриени. Војната ем ја открива вистината за човекот, ем ја прикрива. Тоа само ни одзема од рамнотежа. Но каков и да го трикот, човекот е и останува опасно суштество.
Хитлер како оправдување
На вечното прапање кој бил полош – Хитлер или Сталин, може да се одговори вака: и двајцата се како камења белутраци кои се удираат еден во друг и така го палат пожарот на Втората светска војна. Едниот без другиот немаше да запалат ништо. Но Сталин прв стана водечкиот “кремен” – и направи се што е можно за да го донесе Хитлер на власт и потоа да го внесе во војна.
Не верувам на бајките дека Сталин прв сакал да го нападне Хитлер. Сталин побрзо верувал дека конечно нашол некој со кого ќе ги оправда сите негови зла – колективизацијата, теророт, смртта на милиони. Хитлер е единствениот човек во светската историја, кој може да се мери со Сталин во однос на предизвиканите зла. И мислам дека ако не беше идеолошки псхихопат, Хитлер можеше да победи во 1941 година. Во тоа време Русија се мачи со злосторствата на Сталин и всушност е лесен плен. Ќе беше доволно да и ‘се понуди еден поднослив режим со елементи на национална држава. Но Хитлер ги мери Словените со расистички размери и конечно ова расистичко лудило го погуби. Сталин од своја страна го напои целиот пат на војната токму со крвта на Словените. И како за време на војната нацистите донесоа на Русија само беди, така и по војната сталинистите предизвикаа на освоените европски народи единствено само зла – гулази, терор, тортура, стрелање.
Секој е слободен да го толкува на свој начин, оној 22 јуни 1941 година, кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз. Лично јас гледам на овој датум како на едно од најбрилијантните манифестации на човечката глупост. Хитлер и Сталин се натпреваруваат во изградба на безумни утопии и затоа судирот меѓу нив беше неизбежен. Но овие утопии зборуваат и за друго – за лудилото како елемент на човечката природа.
Германија се покајамза целиот ужас извршен од нацистите. А Русија на крајот и прости. Се сеќавам како, како деца си игравме војна, и Германците секогаш беа олицетворение на пеколот. После западногерманците станаа симбол на економски просперитет и многу добро се сеќавам како моите пријатели одеа по хотелите, за да си си купат од нив цигари или гуми за џвакање. Денес Германците и Русите одржуваат релативно добри односи – многу подобри отколку можеше да се очекува. Настрана Украина, за Германците Русија е слабата, но природна противтежа на единствената супер-сила – Америка. За Русите, пак, Германија е лесно разбирлив модел на едно хумано и социјално општество кое за самата Русија изгледа како недостижна идеал.
Кој меша во раната?
А денес? Што е денес значењето на војната, започната на 22 јуни 1941 година? Чисто од човечка гледна точка тоа е една голема, но веќе зарасната рана,која предизвикала многу солзи и од двете страни. Само што одеднаш наиде нова кризна ситуација. Меѓусебните обвинувања меѓу Русија и Западот по повод настаните на Мајдан, на полуостровот Крим и во источна Украина не поставија во опасна близина на датумот 22 јуни 1941 година. Русија се обидува да извлече политички поени од оваа одамна завршена војна, на тој начин меша во една веќе зарасната рана. Рана, која сега Москва ја прогласува за неизлечив чир. Целта е јасна: складирање на сегашната власт и мобилизирање на населението со утописки ветувања за еден “руски светот” и со опасни слогани како “Пак ќе ви победиме”. Ова дефинитивно не е најдобар начин за заштита на довербата меѓу двете земји. За вистинска симпатија пак воопшто да не зборуваме …
